Пат кон Сонцето е некомерцијална организација која е посветена на изучувањето на традиционалните јапонски борбени вештини. Таа е основана во 1995 година, од страна на Игор Довезенски,
единствениот Македонец носител на неколку титули во неколку
различни класични борбени школи (рју-ха). Од основањето, па до
денес, организацијата работи без прекини и секојдневно одржува тренинзи за своите членови.
Истата година (02 јули, 1995), во рамките на организацијата почнува со работа првото нинџутсу доџо* во земјата – „Буџинкан Македонија“. Засега, тоа е единственото признаено доџо во нашата држава, од страна на поглаварот на Буџинкан, соке Масааки Хатсуми. „Буџинкан Македонија“ се уште важи за еден од најдинамичните клубови во Европа, со многубројно и активно членство, што само зборува за квалитетот на знаењето што се добива во доџо-то.
Во 2010 година, односно петнаесет години од отворањето на
„Буџинкан Македонија“, во Пат кон Сонцето почнува со работа „Даито рју Македонија – Корју Доџо“. Во него се изучуваат две
јапонски боречки школи: Даито рју Аикиџуџутсу и Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда-ден). Доџо-то е рамноправен член на Интернационалната Даито Организација (Daito Kai International), под водство на единствениот нејапонски шихан за Даито рју Аикибудо, Антонино Черта.
На почетокот на 2013 година, инструкторот Довезенски станува ученик на шидоша Ерик Лоув, а неколку месеци подоцна дава крвна заклетва (кеппан) пред шиханот на Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу, Нобутоши Отаке. Во септември, истата година, со дозвола и под менторство на шидоша Лоув, почнува со работа „Катори Шинто рју Македонија“ односно третото доџо во Пат кон Сонцето.
Игор Довезенски е првиот и засега единствениот Македонец од Република Македонија што редовно патува во Јапонија со цел интензивно да ги проучува и вежба јапонските традиционални боречки вештини. За време на престојот, тој имал можност да учи директно од основачот на Буџинкан Доџо – Масааки Хатсуми, како и од легендарниот наследник на Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу – шиханот Рисуке Отаке. Исто така, Довезенски е единствениот Македонец што вежбал Даито рју Аикиџуџутсу во Јапонија, како и други класични боречки вештини кои потекнуваат од Земјата на изгрејсонцето.
Без никаква намера за експанзија или лична слава, следен единствено од љубовта кон традиционалните јапонски боречки вештини, Игор Довезенски ја создава единствената организација во Македонија во која што може да се вежбаат најпознатите јапонски класични самурајски и нинџа стилови на борба.
Организацијата за изучување на традиционалните јапонски борбени вештини Пат кон Сонцето, досега организирала над тристотини домашни и околу триесетина меѓународни семинари
со учество на најпознатите светски мајстори за корју.
Покрај членувањето во неколкуте најреспектирани интерконтинентални организации, Пат кон Сонцето е отворена за соработка и размена на знаењето со сите ентузијасти кои имаат заеднички интерес од областа на јапонските класични вештини.
* доџо (道場) – место за усовршување на Патот
седумдесетите години на минатиот век, од страна на соке Масааки Хатсуми, а во чест на неговиот учител Тошитсугу Такаматсу. Станува збор за интернационална организација со седиште во градот Нода, во провинцијата Чиба, во Јапонија. Буџинкан Доџо во превод значи „Двор на божествениот воин“ односно „Место каде што вежба божествениот воин“.




На 14-годишна возраст (1988), Довезенски дознава за организацијата Буџинкан и за нејзиниот водач Масааки Хатсуми и почнува да ги остварува првите контакти со тогашните европски мајстори за нинџутсу. Истовремено ги прекинува тренинзите за карате и одлучува целосно да се посвети на класичните јапонски боречки вештини.
но вистинскиот учител го сретнува во 2010 година, кога заминува во Италија во доџо-то на единствениот кој не е Јапонец шихан за оваа вештина, Антонино Черта. По враќањето од инструкторската обука во Италија, Игор Довезенски најпрвин отвора секција, која со текот на времето прераснува во доџо. Во 2013 година, тој успешно положува за мајсторско звање (шодан) и се стекнува со титулата шидоин (инструктор) и шибу чо (водач на огранок) односно претставник на Даито Каи за Македонија. Две години подоцна односно во април, 2015 година, Довезенски успешно положува за нидан (II дан), а во октомври, 2018 година, за сандан (III дан). На почетокот на 2025 година, успешно го завршува и тестот на јондан (IV дан). Инаку за тие кои не знаат, највисокиот степен што може да се добие во Даито рју Аикиџуџутсу е годан (V дан).
За време на дваесет и тридневното усовршување во Јапонија, во април, 2018 година, Довезенски секојдневно вежба по осум саати со најголемите авторитети кои предаваат во Хомбу Доџо-то на организацијата, посетувајќи по неколку тренинг-сесии дневно. Посетувајќи ги сите тренинзи на кои предава последниот жив нинџа – соке Масааки Хатсуми, како и часовите на неговите најдобри шихани: Тетсуџи Ишизука, Тоширо Нагато, Јукио Ногучи, Исаму Шираиши и други, на еден од тренинзите, шиханот Јукио Ногучи на водачот на Буџинкан Македонија му доделува 10 дан (џудан), со што единственото признаено македонско доџо денес има учител со највисок ранг. Истовремено, соке Масааки Хатсуми на Довезенски му дава Буго односно боречко име – Грмогласниот Тигар. При тоа, му подарува Какеџику (висечки свиток) на кој своерачно испишува: „Ехото на грмогласниот тигар одекнува низ планините“.
Игор Довезенски е првиот Македонец од Република Македонија што вежбал во доџо-то на д-р Хатсуми, како и во доџо-ата на неговите најстари ученици кои денес се почитувани даи шихани во организацијата Буџинкан. Тој е првиот Македонец што учел директно од легендарниот наследник на Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу – шиханот Рисуке Отаке, во неговото Шимбукан Доџо. Исто така, Довезенски е единствениот Македонец што вежбал Даито рју Аикиџуџутсу во Јапонија, како и други класични боречки вештини кои потекнуваат од Земјата на изгрејсонцето.




Водачот на „Пат кон Сонцето“ заедно со своите ученици редовно организира и учествува во хуманитарни акции или настани, при што ги демонстрира вештините кои ги предава во своето доџо. Во февруари, 2018-та година, одржува демонстрација на Буџутсу, Аикиџуџутсу и Нинџутсу пред јапонскиот конзул во Македонија, неговата екселенција Тојоказу Кубота.
Тој е заљубен во својата татковина и се труди на сите околу себе да им ја пренесе љубовта кон ова мало парче земја, која од памтивека се вика Македонија.
„Разговор со учениците“ е првата македонска книга која е посветена на традиционалните боречки јапонски самурајски и нинџа вештини. Во неа, учителот Игор Довезенски, преку разговор со своите ученици, дава објаснување за создавањето на класичните јапонски борбени традиции, за источната филозофија, за начинот на размислување на воините од далечниот исток, за Патот, како и за животот воопшто.