
Ви здодеа секое лето да одите на одмор на море? Да планирате каде, како и со кого? Да трошите многу пари, а при тоа, за кратко време да Ви избледат летните спомени?
Поминете го ова лето со нас во нашиот нинџа камп. Ние ви гарантираме дека нема никогаш да го заборавите. Сместен во идеално чиста и еколошка средина, 25 километри до најблискиот град, во подножјето на планината Липац, на 150 метри од Крива Река.
Во нашиот камп:
-се спие во доџо или во дрвени нинџа куќички, а достапни се и два шатори за љубителите на ѕвезденото небо
-се одржуваат два тренинга дневно + истражувачки експедиции, ноќни нинџа акции, самурајски битки
-се јаде здрава храна, три оброка домашно приготвени на традиционален начин, од домашни и локални продукти
-се слади со две ужинки, овошје и зеленчук свежо набрани директно од бавча
-се пали и логорски оган, со гитара, песна, се тушира под ведро
небо, се капе во река, се гледаат ѕвезди во ноќта
-се оди на чучавец „за по надвор“, има смешки и глума
Доволно е? Ве заинтересиравме?
Проверете зошто Буџинкан Македонија е лидер за семинари во природа и преживување.
Сакате да понесете некого со вас?
Некој што сака да се одмори и да не вежба? Нема проблем. Секој гостин на кампот може да ужива во прекрасната храна, во прошетките во околината и во одморот под сенката на големите ореви во дворот на доџото.
За учесниците од странство, организиран пречек на аеродром и бесплатен трансфер до кампот.
Девет дена-осум ноќевања за 200 евра* (се вклучено)
* (спиење + исхрана + тренинг + незаборавно дружење)
* За уплата до 1 мај цената изнесува 200 евра
* За уплата до 15 јуни цената изнесува 230 евра
* За уплата до 4 август цената изнесува 250 евра
**(после уплатата, во случај на откажување на аранжманот поради било која причина, ќе Ви биде вратена само половина од уплатената сума)
*** Доколку посакувате поголема интима, постои можност да спиете во една од нашите дрвени куќички во јапонската зен градина. Изнајмување на куќичка за време на кампот за сите девет дена (цена по особа): 400 евра од особа (со вклучени сите трошоци и уплата до 15 јуни, потоа 450 евра). Во една куќичка можат да спијат најмногу двајца.
Сте имале поефтин и повозбудлив одмор? Не Ви веруваме!
– поаѓање од Скопје на 04.08.2025 во 09.00 часот (пристигнување во
10.00)
– враќање за Скопје на 12.08.2025 во 18.00 часот (пристигнување во 19.00)
Капацитетите се ограничени, па поради тоа „работиме“ на принцип: Прв се пријавил – прв обезбедил или по нашки „Кој превари – тој товари“
Пријавете се на време или ќе морате да одите и да се печете на некоја морска сончева плажа.
Лето 2025 – Навежбај се како човек!
Само нашето доџо работи и во август.
Тема за 2025: Бугеи Џухаппан (18 боречки вештини)
е-маил: daito_macedonia@yahoo.com
е-маил: bujinkan_macedonia@yahoo.com
тел: 00389 (0)75 564 011 (од 09.00 до 15.00)
За повеќе информации посетете ја нашата веб-страница:
camp.koryu.mk
——————————————————–
Преглед на темите што се вежбаа во текот на изминативе години:
2009 – Кото рју Коппоџутсу / Кенџутсу Кихон – ДаиШо
2010 – Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу / Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда ден)
2011 – Гјокко рју Кошиџутсу / Тогакуре рју Бикенџутсу
2012 – Тогакуре рју Нинпо Таиџутсу / Тогакуре рју Шурикенџутсу
2013 – Кукишинден рју Дакентаиџутсу / Кукишинден рју Бикен но Хо
2014 – Асајама Ичиден рју Таиџутсу / Кото рју Кен
2015 – Шинден Фудо рју Џутаиџутсу I / Кукамишин рју Боџутсу
2016 – Такаги Јошин рју Џутаиџутсу I / Катори Шинто рју Кенџутсу
2017 – Такаги Јошин рју Џутаиџутсу II / Тогакуре рју Нинџа Бикен
2018 – Даито рју Аикиџуџутсу / Кукишинден рју Нагината
2019 – Гјокко рју Кошиџутсу / Кусари Фундо
2020 – Такаги Јошин рју Џутаиџутсу III / Шинден Фудо рју Иаиџутсу
2021 – Шинден Фудо рју Џутаиџутсу II / Кусари Гама
2022 – Кукишин рју Дакентаиџутсу / Кукишин рју Боџутсу
2023 – Шинден Фудо рју Дакентаиџутсу / Кукишин рју Џоџутсу
2024 – Тогакуре рју Нинпо Таиџутсу / Тогакуре рју Тоами и Фукија
2025 – Бугеи Џухаппан

Членувањето и соработката со најреспектираните организации за класични јапонски боречки вештини, ни овозможува одржување на меѓународни семинари со најдобрите и најпочитуваните корју мајстори.
може да вежба секој и секаде. Тој велел дека сигурноста што ја овозможува атмосферата во доџо-то воопшто не дозволува некому да се нарече воин. И најважно од се, Довезенски отсекогаш тврдел дека нинџутсу може да се вежба само преку близок контакт со природата и со тестирање на издржливоста.
година стандардите и предизвиците беа поголеми, но тоа доведе настанот да добие речиси култен статус меѓу членовите на доџо-то. На последните два-три семинари, само мала група остана доследна и бестрашно влегуваше во оваа опасна авантура. Поради тоа, шидоши Довезенски одлучи во 2013 година, седум години по првиот семинар, да го организира последното „Преживување во Природа“.
Пред семинарот, секој учесник во сопствена организација треба да си направи соодветни лекарски прегледи и да добие усмена или писмена потврда од лекар дека е психофизички здрав и целосно подготвен за дводневен екстремен напор (под врелото летно сонце), без храна и вода, а проследен со тежок тренинг и тричасовен сон.
Условите за тренинг ќе бидат исклучително тешки, а дисциплината ќе биде железна. Тие кои не се чуствуваат психофизички спремни за да „влезат во пеколот“ и кои не се подготвени да го убијат сопственото его, ги молиме да не се пријавуваат на семинарот. Имајте во предвид дека температурата на воздухот може да се искачи над 45 целзиусови. Забрането седнување на задник за време на семинарот (во текот на двата дена) и потпирање на сите четири екстремитети истовремено. Само три часа спиење, останатото време тренинг.
недела на месецот септември. После седум години од првиот марш, шидоши Довезенски одлучи дека е време и овој настан да замине во „историјата“ и да се придружи на останатите подвизи по кои Буџинкан Македонија е позната.
Шугендо е древен јапонски метод кој ги истражува релациите помеѓу човекот и природата. Шугендо значи „Пат преку вежбање и тестирање“, односно тоа е аскетска дисциплина која има за цел да постигне самоусовршување преку повлекување во планина, медитација под водопади и ладни реки, вежби за дишење на недостапни терени, се до достигнување на неверојатни подвизи преку тестирање на телесната и менталната издржливост. Тие кои го практикуваат овој метод, познати се под името Шугенџа, а учењето се практикува во Јапонија се до денешни дни.
на Кјото во 7 век од нашата ера. Другото име, по кое овие следбеници биле познати е Јамабуши или Планински Воини. Тие крстосувале по планините посетувајќи и заштитувајќи ги многубројните храмови. Некои учени веруваат дека токму овие луѓе, здружени со пребегнатите кинески генерали по падот на династијата Танг, се сметаат за основоположници на вештината Нинџутсу.
на организацијата Пат кон Сонцето. Никој не може да се пофали дека има поголемо искуство од нас, бидејќи досега имаме организирано над 300 настани од овој тип.
практичари, бидејќи нудат длабинско проучување на катите и интензивно вежбање на најситните детали на вештините. Доколку сакате да ги научите сите есенцијални вредности на една рју-ха, интензивните семинари се најдобриот начин за тоа.