Според динамиката на тренинзите, годината ја делиме на две полугодија. Првото почнува во јануари, а второто во септември.
Како и да е, уписите во сите доџо-а или секции на организацијата Пат кон Сонцето траат во текот на целата година.
Првиот тренинг е бесплатен и служи за запознавање со луѓето и со вештината која сте ја одбрале да ја вежбате, но преку него можете да ја почуствувате и атмосферата во доџо-то која што е многу важна.
Пријавување за бесплатен тренинг или упис:
Буџинкан Македонија (нинџутсу) – 072 307 442
Даито рју Македонија (даито рју аикибудо) – 075 564 011
Катори Шинто рју Македонија (јапонско мечување и класични оружја) – 075 564 011
За вежбање на борбените системи во секциите – 075 564 011
Пријавувањето може да го направите и преку нашата електронска адреса: daito_macedonia@yahoo.com
вештини, или, пак, да се прогласува за нивни основач. Тој никогаш не се сомневал во практичноста на корју.
таканаречените Такаматсу-ден традиции, од школите кои се изучуваат во Буџинкан, ниту од учењето на соке Масааки
карлицата, при што докторите даваат загрижувачки прогнози за неговата иднина односно за можноста за продолжување со тренинзите. Одлучен никогаш да не се откаже од боречките вештини, Довезенски не ги слуша нивните совети за целосно стопирање на физичките активности и почнува уште подлабоко да ја истражува работата и функционирањето на човечкиот организам. Со помош на Шиноби Таисо, тој успева да ги совлада болките кои што го следат за време на вежбањето и за кратко време да ја поврати својата подвижност и успешно да продолжи со секојдневните тренинзи.

„Разговор со учениците“ е првата македонска книга која е посветена на традиционалните боречки јапонски самурајски и нинџа вештини. Во неа, учителот Игор Довезенски, преку разговор со своите ученици, дава објаснување за создавањето на класичните јапонски борбени традиции, за источната филозофија, за начинот на размислување на воините од далечниот исток, за Патот, како и за животот воопшто.