Хомбу

Posted on Categories hombu

Организацијата за
изучување 
на
традиционалните јапонски боречки вештини Пат кон Сонцето, во 2012 година го изгради првото традиционално јапонско доџо во Македонија, но и на Балканот.

Хомбу* Доџо-то е изградено во чиста еколошка средина, со сопствени средства, без никакви донации. За да го оствари својот сон, инструкторот Игор Довезенски купи земја во долината под планината Липац, на 62 километри одалеченост од Скопје и со помош на своето семејство, цигла по цигла, по сопствен нацрт и со сопствени раце, го изгради доџо-то
од темел.

При изградбата, употребени се материјали кои ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди. Доџо-то се состои од 100 м2 површина за вежбање во приземјето (со татами) и 100
м2 за престој на првиот кат.

Во Хомбу Доџо-то, организацијата Пат кон Сонцето одржува редовни тренинзи за време на викендите, а во август во него се одржува надалеку познатиот Летен Нинџа Камп.

* Хомбу = седиште, стожер, главно