Organization

Posted on Categories hombu

Taiyou e no Michi is a non-commercial organization that is dedicated to the teachings of the traditional Japanese martial arts. It is founded in 1995, by Igor Dovezenski, the only Macedonian that carries several titles in different classical martial schools (ryu-ha). Since the founding, the organization is working uninterrupted and has training sessions for its members every day. 

The same year (2nd July, 1995), the first Ninjutsu dojo in the country – „Bujinkan Macedonia“ was opened within the organization. For now, that is the only acknowledged dojo* in our state by the chief of Bujinkan, soke Masaaki Hatsumi. 

„Bujinkan Macedonia“ even today is considered as one of the most dynamic clubs in Europe, with numerous and active memberships, that speak for the quality of knowledge that is gained in the dojo. 

In 2010, or fifteen years after the opening of „Bujinkan Macedonia“, „Daito ryu Macedonia – Koryu Dojo“ starts working within Taiyou e no Michi. Two Japanese martial schools are taught there: Daito ryu Aikijujutsu and Ono ha Itto ryu Kenjutsu (Takeda-den). This dojo is an equal member of the European Daito Organization (European Daito Kai), under the leadership of the only non-Japanese shihan for Daito ryu Aikibudo, Antonino Certa.

At the beginning of 2013, Igor Dovezenski becomes a student of shidosha Erik Louw, and several months later gives a blood oath (keppan) in front of the shihan of Tenshin Shoden Katori Shinto ryu Bujutsu, Nobutoshi Otake. The same year, in September, with permission and under the guidance of shidosha Louw, „Katori Shinto ryu Macedonia“ starts working, the third dojo in Taiyou e no Michi.

Igor Dovezenski is the first the only Macedonian from the Republic of Macedonia for now that traveled to Japan with the purpose to train and study the traditional Japanese martial arts. During the stay, he had the opportunity to study directly from the founder of the Bujinkan Dojo – Dr. Masaaki Hatsumi, as well as from the legendary heir of Tenshin Shoden Katori Shinto ryu Bujutsu – shihan Risuke Otake. In addition, Dovezenski is the only Macedonian that trained Daito ryu Aikijujutsu in Japan, along with other classical martial arts that originate from the Land of The Rising Sun.

Without any intent for expansion or personal glory, followed purely by love for traditional Japanese martial arts, Igor Dovezenski creates the only organization in Macedonia where the most famous Japanese classical samurai and ninja styles of combat can be practiced.

The organization dedicated to the study of traditional Japanese martial arts Taiyou e no Michi, from the beginning until today, organized more than three hundred national and around thirty international seminars with participation of the most well-known world master for koryu. Besides the participation in several most respected intercontinental organizations, Taiyou e no Michi is open for collaboration and exchange of knowledge with all enthusiasts that share the common interest from the area of Japanese classical arts.

*dojo (道場) –  a place for perfecting the Path

Уписи

Posted on Categories Тренинг

Според динамиката на тренинзите, годината ја делиме на две полугодија. Првото почнува во јануари, а второто во септември.

Како и да е, уписите во сите доџо-а или секции на организацијата Пат кон Сонцето траат во текот на целата година.

Првиот тренинг е бесплатен и служи за запознавање со луѓето и со вештината која сте ја одбрале да ја вежбате, но преку него можете да ја почуствувате и атмосферата во доџо-то која што е многу важна.

Пријавување за бесплатен тренинг или упис:

Буџинкан Македонија (нинџутсу) – 072 307 442

Даито рју Македонија (даито рју аикибудо) – 075 564 011

Катори Шинто рју Македонија (јапонско мечување и класични оружја) – 075 564 011

За вежбање на борбените системи во секциите – 075 564 011

Пријавувањето може да го направите и преку нашата електронска адреса:   daito_macedonia@yahoo.com

 

Доџо-а

Posted on Categories Тренинг

Организацијата за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“ ја сочинуваат три доџо-а во кои што можат да се вежбаат неколку рју-ха (борбени традиции, школи, стилови).

 Доџо Буџинкан Македонија / девет борбени традиции:

– Тогакуре рју Нинџутсу

– Гјокко рју Кошиџутсу

– Кото рју Копоџутсу

– Кукишинден рју Хаппо Бикенџутсу

– Шинденфудо рју Дакентаиџутсу

– Такагијошин рју Џутаиџутсу

– Гикан рју Копоџутсу

– Гјокушин рју Нинџутсу

– Кумогакуре рју Нинџутсу

Доџо Даито рју Македонија – Корју Доџо / две борбени традиции:

– Даито рју Аикиџуџусту

– Оно ха Итто рју Кенџутсу (Такеда-ден)

Доџо Катори Шинто рју Македонија / една борбена традиција:

– Теншин Шоден Катори Шинто рју Буџутсу 

Во рамките на Пат кон Сонцето функционираат и неколку секции чија работа има за цел да ги подобри перформансите на телото односно да ја подобри општата психо-физичка кондиција на нашите членови.

Секција Џиссен Хеихо – класична борбена стратегија употребена во новото време

Секција Нинпо Не Ваза – традиционални методи на борење прилагодени на денешницата

Секција Шиноби / Куноичи Таисо – древни и модерни начини на кондиционирање на телото  

Во сите доџо-а и секции тренинзите ги одржуваат сертифицирани инструктори или помошници кои своите животи ги посветиле на боречките вештини и филозофии. 

Локации

Posted on Categories Тренинг

Класични јапонски нинџутсу вештини „Буџинкан Македонија“

Локација: Рударски Институт, бул. Јане Сандански бб, општина Аеродром, Скопје
Термини: вторник и четврток (20.30 – 22.00), сабота (19.00 – 21.00)

Класични јапонски самурајски вештини „Даито рју Македонија – Корју Доџо“

Локација: Хомбу Доџо, во долината под планината Липац (62 км. од Скопје) и на Природно-математички факултет на УКИМ.
Термини: секој трет викенд во текот на целата година во Хомбу и секој вторник и четврток од 14.00-15.00 часот.

 

Класични јапонски боречки вештини „Катори Шинто рју Македонија“

Локација: Рударски Институт, бул. Јане Сандански бб, општина Аеродром, Скопје
Термини: вторник (18.00 – 19.15) и четврток (18.00 – 19.15)

 
Секција Нинџа Клинци (нинџутсу за деца од 5-12 год.)

Локација: Рударски Институт, бул. Јане Сандански бб, општина Аеродром, Скопје
Термини Нинџа Клинци I: вторник (17.45 – 18.45) и четврток (17.45 – 18.45)
Термини Нинџа Клинци II: понеделник (18.00 – 19.00) и среда (18.00 – 19.00)

 

Организација за изучување на јапонски борбени вештини „Пат кон Сонцето“

Локација: Хомбу Доџо, во долината под планината Липац (62 км. од Скопје)
Термини: секој викенд во текот на целата година и во текот на месецот август

Џиссен Хеихо

Posted on Categories Системи

Џиссен (実戦) е борба. Хеихо (兵法) е стратегија.

Џиссен Хеихо е систем развиен од страна на шидоши Игор Довезенски, со цел максимално да се искористи борбената стратегија на традиционалните јапонски борбени вештини и полесно да се прилагоди на денешниот начин на борба.

Џиссен Хеихо не е вештина!!!

Шидоши Довезенски никогаш немал, ниту ќе има желба да создава вештини, или, пак, да се прогласува за нивни основач. Тој никогаш не се сомневал во практичноста на корју.
Напротив, тој верува дека традиционалните борбени вештини се најдобриот начин за лична, но и за заштита на своите најблиски.

Зошто тогаш потреба од Џиссен Хеихо?

„Џиссен Хеихо е систем на самоодбрана, во кој се инкорпорирани најпрактичните техники од сите традиционални борбени вештини кои досега сум ги проучувал и вежбал. Јас не сум измислил ништо ново, а и немам потреба за такво нешто. Според мене, корју нуди се што е потребно за една индивидуа ефикасно да се одбрани. Јас само сакав да го соберам сето мое искуство на едно место и да го прилагодам на новото време. Денес, пред органите на правосудството е многу тешко да докажеш што е самоодбрана. Начинот на борба се менува односно се употребуваат крајно валкани трикови. Борбата се менува под влијание на модерните мешани борачки вештини (ММА). Во такви услови редно е да се развие систем кој се потпира на корју техники и кој ќе овозможи одбрана подготвена во најкракот можен рок. Сите знаеме дека во минатото, тренингот започнувал во детството и траел до крајот на животот. Џиссен Хеихо дава можност на сите кои почнале подоцна да вежбаат корју. На сите кои не се во можност да посветат по неколку часа тренинг дневно. Повторувам, базата на Џиссен Хеихо не е ништо друго освен најдоброто од корју. Џиссен Хеихо се роди од корју. Џиссен Хеихо е корју. Без вежбање корју не е можно да се вежба Џиссен Хеихо.“

За време на тренингот, се користи заштитна опрема со цел да се намалат повредите.

Тренингот е поделен на:

-Шиноби Таисо® (кондиционирање на телото, класични и модерни методи)
-Дакентиџутсу (положби, удари и блокови)
-Џутаиџутсу (зафати, фрлање, давење, контрола)
-Нинпо Не Ваза® (борба на земја)

Се вежба и контролирана слободна борба (рандори)
и атеми но танрен (кондиционирање на ударните површини).

Тренингот изгледа како комбинација од стариот „олд скул“ начин на вежбање во Буџинкан, но со примена на нови методи и техники.

Потсетување !!!

Шидоши Игор Довезенски воопшто не застранува и не „бега“ од таканаречените Такаматсу-ден традиции, од школите кои се изучуваат во Буџинкан, ниту од учењето на соке Масааки
Хатсуми. Како и секогаш, основата на неговиот тренинг се состои од знаењето стекнато преку Буџинкан. Сите кои што вежбале во неговото доџо знаат со каква љубов се вежбаат класичните борбени вештини и дека ретко кој толку многу внимава на детаљите на школите.

Џиссен Хеихо е само начин на вежбање како практично да се примени наученото. Всушност, како што шидоши Игор Довезенски сака да порача на душегрижниците: „ова е само еден од интерните начини како да се ’размлатиме’ чесно меѓу нас и да си ги испотиме задниците. Џиссен Хеихо е стратегија, не е вештина. Корју-то е секогаш наш императив“!!!

Шиноби Таисо

Posted on Categories Системи

Шиноби Таисо® е систем создаден од водачот на Пат кон Сонцето, Игор Довезенски, со цел да ја подобри сопствената кондиција потребна при секојдневните корју тренинзи. Тој се состои од разни вежби за растегнување, како и вежби за зајакнување и зголемување на мускулната издржливост.

Самиот систем претставува збир на традиционални техники за
подобрување на подвижноста и зацврстување на телото користени во класичните боречки школи. Во различни рју-ха, техниките се познати под имињата: Џунан Таисо, Џунан Ундо, Рју Таи Ундо, Ки Ундо, Џунби Таисо и Аики Таисо.

Искуството на Довезенски собрано за време на 25-годишниот тренинг на корју буџутсу, заедно со истражувањето на најновите научни сознанија од полето на кондицискиот тренинг, како и изучувањето на човечката анатомија и биомеханика (наука што ги проучува механичките појави и процеси во живите организми), допринесе за создавање на Шиноби Таисо*.

Која беше потребата за создавање на системот?

За време на долгогодишното водење на доџо-то, инструкторот Довезенски забележал дека некои вежби за загревање на
телото не одговарат и не допринесуваат за зголемување на
кондицијата кај одреден тип на вежбачи. За таа цел, тој почнува да
истражува и да соработува со лица кое се занимаваат со слична
проблематика, почнувајќи од кондициони тренери, па се до физиотерапевти. Така, тој увидува дека секоја градба на телото е уникатна и дека има потреба од различен пристап при кондиционирањето.

Во 2011-та (ноември), при пад од карпа за време на слободно качување, шидоши Довезенски доживува повреда на рбетот и на карлицата, при што докторите даваат загрижувачки прогнози за неговата иднина односно за можноста за продолжување со тренинзите. Одлучен никогаш да не се откаже од боречките вештини, Довезенски не ги слуша нивните совети за целосно стопирање на физичките активности и почнува уште подлабоко да ја истражува работата и функционирањето на човечкиот организам. Со помош на Шиноби Таисо, тој успева да ги совлада болките кои што го следат за време на вежбањето и за кратко време да ја поврати својата подвижност и успешно да продолжи со секојдневните тренинзи.

Во рамките на Шиноби Таисо, на почетокот на 2012-та, почнува со работа и секција која е посветена исклучиво на припадничките на понежниот пол. Групата е наречена Куноичи Таисо и ја предводи семпаи Нела Довезенска.

Првобитно развиен за себе и за своите ученици, Игор Довезенски одлучи овој систем да го понуди на сите кои се заинтересирани да ја зголемат својата физичка кондиција и да го подобрат своето здравје преку вежбање.

* Шиноби ( 忍 ) – личност специзализирана за разни неконвенционални начини на војување, подоцна позната под името Нинџа.

* Таисо ( 体操 ) – зацврстување на телото.

Кои се искуствата на нашите задоволни членови?

„Со Џунан Таисо почнав пред околу една година. По природа сум доста динамична личност, меѓутоа никогаш не ме привлекувале некакви јога вежби.

По убедувањето од страна на моите колешки, одлучив да дојдам на неколку тренинзи и да се обидам да повежбам заедно со нив. Спротивно на моите очекувања, ефектите почнав да ги чувствувам веднаш. Поради природата на мојата работа и понатаму седам часови и часови пред компјутер, меѓутоа сега не чувствувам болки повеќе, а и спиењето многу ми се подобри. Дури и одењето на штикли стана пограциозно.

Учителот Довезенски е приказна сам за себе. Секогаш делува мотивирачки, а истовремено и фрустрирачки, бидејќи неговата техника и вештина се толку недостижни“.

– Проф. Д-р Весна Гершан, меѓународен експерт за медицинска физика

„Практицирањето Џунан Таисо во текот на седмицата и тоа во термини на средината на мојот работен ден, пред се допринесува за зголемување на работната енергија. После часот секогаш се чувствувам релаксирано, иако пред да влезам во доџото многу често доаѓам уморна или загрижена. Растргната од обврските, честопати си велам дека место да доаѓам на вежбање подобро ќе беше да си завршев некое од многубројните задолженија, но по завршувањето на часот сигурна сум дека сум ја направила најпаметната работа.

Секако, за ефикасноста и за подобрувањето на нашето здравје заслужен е нашиот инструктор Игор, кој секогаш ни задава вежби со кои постојано ја зголемуваме еластичноста и издржливоста на телото. Преку нив ни се откриваат и слабите точки кои преку вежбањето ги острануваме. Се надевам дека овие часови ќе се одржуваат уште долго време и дека со текот на годините ќе се чуствувам уште подобро“.

– д-р Гордана Апостоловска, универзитетски професор

Нинпо Не Ваза

Posted on Categories Системи

Во Доџо-то за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан
Македонија“, отсекогаш се посветувало внимание на Не Ваза* односно на техниките на борење на земја. Во вештините наследени од Такаматсу, овие техники најмногу се застапени во Такаги Јошин Рју и Шинден Фудо Рју. Многу од катите на овие две школи, завршуваат со техники на давење и лостови во лежечка или во седечка положба.

Во времето на средновековните самураи, до борење на земја доаѓало многу ретко, но имало ситуации кога за време на битката, воинот ќе останел без своето оружје. Доколку биде соборен на земја, преживувањето зависело исклучиво од вештината на употребата на сопственото тело односно голораката борба. Во таква ситуација, од клучно значење било познавањето на техниките на борба на земја односно во легната положба.

Следен од тие сознанија, шидоши Довезенски од 2001 година започнува темелно да ги истражува катите од школите на Буџинкан во кои има таков начин на борба, со цел да ги извлече најдобрите Не Ваза техники и да ги систематизира во каталог кој ќе може да го вежбаат неговите ученици. На крајот на 2009-та, инструкторот Довезенски ја завршува својата мисија, а на почетокот на 2010 одржува семинар на кој јавно го претставува системот Нинпо* Не Ваза®.

Што Довезенски вели за овој систем?

– „Кога одлучив да каталогизирам систем за борење на земја, воопшто не се раководев од желбата за создавање нешто ново или нешто мое. Соке Масааки Хатсуми отсекогаш велел дека неговите вештини треба да се прилагодуваат на времето и на културата во која што живееме. Всушност јас не измислив ништо, туку ги искористив техниките од школите на Буџинкан со цел да одговорам на начините на борба кои се карактеристични за времето во кое живееме. Сите знаеме дека за средновековните јапонски самураи, Не Ваза била последна опција, меѓутоа времињата се менуваат, така што денес борбата многу често завршува токму на земја. Од тие причини, одлучив да го систематизирам знаењето од класичните јапонски борбени вештини во еден систем што го нареков Нинпо Не Ваза“.

* Не Ваза ( 寝技 ) – борба на земја.

* Нинпо ( 忍法 )- начин на нинџата.

Хомбу

Posted on Categories hombu

Организацијата за
изучување 
на
традиционалните јапонски боречки вештини Пат кон Сонцето, во 2012 година го изгради првото традиционално јапонско доџо во Македонија, но и на Балканот.

Хомбу* Доџо-то е изградено во чиста еколошка средина, со сопствени средства, без никакви донации. За да го оствари својот сон, инструкторот Игор Довезенски купи земја во долината под планината Липац, на 62 километри одалеченост од Скопје и со помош на своето семејство, цигла по цигла, по сопствен нацрт и со сопствени раце, го изгради доџо-то
од темел.

При изградбата, употребени се материјали кои ги исполнуваат највисоките еколошки стандарди. Доџо-то се состои од 100 м2 површина за вежбање во приземјето (со татами) и 100
м2 за престој на првиот кат.

Во Хомбу Доџо-то, организацијата Пат кон Сонцето одржува редовни тренинзи за време на викендите, а во август во него се одржува надалеку познатиот Летен Нинџа Камп.

* Хомбу = седиште, стожер, главно

Контакт

Posted on Categories Контакт

Доколку имате било какви прашања, слободно пишете ни веднаш на нашите електронски адреси:

daito_macedonia@yahoo.com (доколку пишувате на македонски)
bujinkan_macedonia@yahoo.com (if you write in еnglish)

За информации за упис на нови членови:   072 307 442

За разговор со главниот инструктор:

+389 07(5) 564 011 (понеделник – петок 09.00 до 15.00)

skype: daito_macedonia (понеделник – петок 09.00 до 15.00 / нередовно)

Изданија

Posted on Categories За Нас

РАЗГОВОР СО УЧЕНИЦИТЕ

„Разговор со учениците“ е првата македонска книга која е посветена на традиционалните боречки јапонски самурајски и нинџа вештини. Во неа, учителот Игор Довезенски, преку разговор со своите ученици, дава објаснување за создавањето на класичните јапонски борбени традиции, за источната филозофија, за начинот на размислување на воините од далечниот исток, за Патот, како и за животот воопшто.

Издавач: Графо ден
Јазик: Македонски
Година: 2014
Оригинален наслов: Разговор со учениците
Бр. на страни: 249
Димензии: 21 cm
Корица: мека
Цена: 600 денариНа територијата на град Скопје вршиме бесплатна достава.Нарачки на: daito_macedonia@yahoo.com или преку телефонскиот број 071 358 226